Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ и на триесет и седум години е главната движечка сила на избраниците на тренерот Златко Далиќ.
На крилјата на неуморниот играч за врска на Реал Мадрид „коцкестите се изборија за новото полуфинале на Мундијалот, а сите се прашуваат како ќе изгледа Хрватска откако Модриќ ќе се пензионира.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, според селекторот Далиќ, најдобриот играч на СП 2018 во Русија се уште не е ни блиску до пензија.
“Тој е сериозен професионалец, џентлмен во копачки. Го дава својот максимум на секој тренинг, работи дури и дополнително, индивидуално. Тешко дека ќе најдете некој на 37 години да ја води репрезентацијата вака.
Не е многу нормално, но Лука покажува квалитет. Некои почнаа да го отпишуваат, тој се врати и ја одведе Хрватска во полуфинале. Лука Модриќ уште долго ќе ја води Хрватска. Тоа јас ви го кажувам…“, изјави Далиќ по мечот против Бразил.
Модриќ ќе ги предводи своите соиграчи во полуфиналето на Светското првенство кое Хрватите ги чека во вторник на 13 декември од 20 часот против Аргентина на Меси.