Дома Фудбал Англија Дали е ова крајот на сагата: Прифатени 160 милиони за Кутињо?!

Дали е ова крајот на сагата: Прифатени 160 милиони за Кутињо?!

Во изминатиов час се пласираше информација која говори дека долгата трансфер сага се чини го гледа својот крај, со оглед на тоа дека според последните информации Кутињо ќе премине на „Камп Ноу“ за 160 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По неколкумесечната дилема, во финишот на преодниот рок, постојано се пласираат информации околу најголемата трансфер сага ова лето, а последните извештаи велат дека Ливерпул конечно нашол заеднички јазик со Барса, па Бразилецот ќе се пресели за 160 милиони евра.

Но, она што исто така стои дополнително во информацијата, е барањето на „Црвените“, Барса да го премолчи овој трансфер се додека тимот на Јирген Клоп не најде замена за најдобриот играч во составот.

Исто така врзано за ова, се очекува Лемар да биде наследникот на Филипе Кутињо, а да се инвестира и во Вирџил Ван Дајк, кој исто така летово е еден од најпосакуваните играчи на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…