Дома Трансфер зона Дали е нормален? Не би го донел Меси дури и за џабе!

Дали е нормален? Не би го донел Меси дури и за џабе!

Претседателот на турскиот второлигаш Алтинорду, Мехмет Сејит Озкан даде интересна изјава за медиумите и веднаш стана хит во целиот свет.

Имено, тој тврди дека ѕвездата на Барселона, Лионел Меси дури и без пари да сака да игра за неговиот клуб тој ќе го одбие.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


„Дури и Меси да сака без пари да игра за Алтинорду дефинитивно ќе го одбиеме. Верувам во турските играчи, ќе им дадам шанса на нив. Нашата цел е да играме во првата лига и да се натпреваруваме во европските купови во 2023 година кога ни е 100 годишнина од клубот“, истакна Мехмет Сејит Озкан.

Овој скоро анонимен турски клуб во своите редови има само млади фудбалери од академијата, и во моментов немаат ниту еден играч во екипата над 21 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алонсо му поставил услов на Перез, доаѓа во „пакет“ со ѕвезда од 100 милиони

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…