Дома Трансфер зона Даглас Коста го напушта Баерн: Сакам да се вратам во Италија

Даглас Коста го напушта Баерн: Сакам да се вратам во Италија

Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста оваа сезона е на позајмица во Баерн Минхен, но јасно е дека нема да остане на „Алијанц Арена“.

Тренерот Ханзи Флик не му дава голема минутажа оваа сезона, а Даглас Коста изјави дека сака да се врати во Италија, каде има договор на уште една година со Јувентус.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Би сакал да се вратам во Италија, земја која исклучително ја ценам. Ќе видиме што ќе се случи, имам уште една година договор со Јувентус“, изјави Коста.

За Бразилецот интерес покажуваат Милан и Рома, а тој самиот не крие дека преферира да остане во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…