Антоан Гризман со години е меѓу најопасните офанзивни играчи во светот, а тоа особено се забележува во дресот на француската репрезентација. Тој не се прослави во Барселона, но во Атлетико е голема ѕвезда.
Гризман сонува да ја освои Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид 10 години откако дојде во клубот од Реал Сосиедад. Во меѓувреме две сезони беше член на Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Францускиот интернационалец беше тој што го постигна првиот гол во елиминацијата на Интер во осминафиналето од Лигата на шампионите и пред ждрепката зборуваше како го копира Дејвид Бекам.
Всушност, многумина забележаа дека Гризман секогаш игра во дресови со долги ракави, без разлика дали е лето или зима. Причината е токму Бекам.
“Кога бев момче и гледав фудбал, Дејвид Бекам носеше долги ракави. Многу ми се допаѓаше неговиот стил”, рекол Французинот и додаде:
Се сеќавам дека во Реал Сосиедад не правеа дресови со долги ракави и морав да го прашам менаџерот. Тој даде се од себе за да ми набави дресови со долги ракави“.