Ѕвездата на Барселона, Антоан Гризман ги негираше тврдењата на медиумите дека не е во добро односи со капитенот Лионел Меси.
Гризман призна дека ова е тешка години за сите во клубот и се пожали дека му сметаат трансферните шпекулации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова беше многу комплицирана сезона за сите во клубот. Постојано ги слушам тие приказни за Меси, добро се сложуваме надвор од теренот. Во играта, исто е како со Килијан Мбапе. Отпрвин не можев да ги најдам вистинските додавања, ми требаше многу време да ги најдам. Исто е и со Лео, но сега се разбираме одлично“, истакна Гризман.
„Во Барса ми е многу убаво. Знам дека имам доверба од тренерите и сите во клубот. Оттука, јас сум желен да ги видам моите колеги повторно, сакам да сториме се за да освоиме трофеи затоа што ова беше неуспешна сезона за клубот. Помина долго време откако Барселона не освоила трофеј. Сакам да им помогнам на моите колеги и повторно да победуваме заедно“, додаде Французинот.