Дома Фудбал Останато Гризман го спореди Симеоне со легендарниот Фергусон

Гризман го спореди Симеоне со легендарниот Фергусон

Атлетико Мадрид утре ќе игра финале во Лига Европа против Марсеј, а првата ѕвезда Антоан Гризман очекува неговиот тим да излезе како победник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Имаме шанса да ја освоиме титулата во Лига Европа. Ќе направам се што е во моја моќ да успееме во тоа“, истакна Гризман.

Во финалето шпанскиот клуб ќе настапи без Симеоне на клупата, бидејќи УЕФА го суспендираше поради исклучувањето на натпреварот против Арсенал.

„Она што Симеоне го прави е од историско значење за Атлетико. Како на пример она што Алекс Фергусон го направи за Манчестер Јунајтед. Се надевам дека ќе имаме таков успех и со трофеите, бидејќи нашиот клуб го заслужува тоа. Сметам дека тој е најдобриот тренер на светот што се однесува до тактиката. Навистина е задоволство да се работи со него“, изјави Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски многу близу до двегодишен договор во МЛС

За првпат во својата кариера Роберт Левандовски ќе игра надвор од Европа. На 37-годишна во…