После долго време неубедливи партии во дресот на Барселона, Антоан Гризман конечно наликува на фудбалерот од периодот во Атлетико Мадрид, анализира „Марка“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од почетокот на календарската година Французинот не престанува да блеска и ги игра најдобрите натпревари во дресот на Барселона.
Гризман учествуваше во четири од петте гола против Гранада (3:5) синоќа и негова заслуга беше израмнувањето од 2:0 на 2:2 при крајот на мечот.
Во 2021 година Гризман има вече 7 гола и 6 асистенции, што е подобра статистика дури и од Лионел Меси, кој за истото време постигна 6 гола и запиша 2 асистенции.