Дома Топ вести Готово: Јувентус ја „украде“ најголемата желба на Интер

Готово: Јувентус ја „украде“ најголемата желба на Интер

Јувентус ја доби битката со Интер за најдобриот дефанзивец во Серија А за минатата сезона, Геилсон Бремер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми тврдат дека наскоро нов член на „старата дама“ ќе стане Бремер, кој доаѓа како замена за Де Лихт.

Бразилецот беше трансфер цел број еден на Интер за засилување на дефанзивата, „нероаѕурите“ преговараа долго време, но Јувентус во последен момент испрати подобра понуда.

„Старата дама“ испратила понуда од 40 милиони евра плус 7 милиони во форма на бонуси, а на Бремер му нуди плата од 4,5 милиони евра по сезона.

„Скај Италија“ тврди дека Бремер утре треба да го комплетира трансферот и да стави потпис на договорот со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…