Дома Фудбал Англија Готово: Челзи има нов тренер!

Готово: Челзи има нов тренер!

Како што пренесува „Спортмедиасет“, Маурицио Сари постигнал договор со раководството на „сините“ и од следната сезона ќе го предводи тимот на Челзи.

Наводно Сари веќе ставил потпис на четиригодишен договор вреден 6 милиони евра по сезона и наскоро се очекува официјализација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сари после три години го напушта Наполи, а на „Стенфорд Бриџ“ ќе биде замена за неговиот сонародник Антонио Конте.

Сари и покрај ангажирањето на Карло Анчелоти се уште е под договор со Наполи, се очекува двата клува да се договорат во наредните денови, па потоа Италијанецот ќе биде официјално претставен на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…