Иван Перишиќ повеќе не е играч на Хајдук, откако двете страни спогодбено го раскинале договорот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Перишиќ и Хајдук синоќа го раскинале договорот, па сега фудбалерот е слободен да бара клуб и надвор од преодниот рок, а силен интерес за него покажува Комо.
Новиот италијански прволигаш му испрати понуда за едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година.
Перишиќ веќе ја прифатил понудата и наскоро официјално ќе се врати во Серија А.