Еминентниот новинар Џанлука ди Марицио објави „бомба“ и тврди дека Иван Перишиќ ќе се пресели во хрватски Хајдук.
34-годишниот Перишиќ пристигна во Тотенхем минатото лето како големо засилување и запиша 44 настапи во сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој има уште една година договор, но медиумите тврдат дека наскоро ќе го раскине и ќе се врати во Хајдук.
Тој е дете на Хајдук, но никогаш не заигра за првиот тим, па во неколку наврати вети дека сака да се пензионира во клубот од Сплит.
#Calciomercato | @SpursOfficial, #Perisic è vicino al ritorno all'@hajduk https://t.co/rr8SfAavw8
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 6, 2023