Дома Фудбал Англија Готово: Маурисио Сари е нов тренер на Челзи

Готово: Маурисио Сари е нов тренер на Челзи

Сагата околу новиот тренер на Челзи конечно заврши. Маурисио Сари денес потпиша тригодишен договор со клубот од „Стенфорд Бриџ“.

Откако вчера и официјално му беше врачен отказ на Антонио Конте, денес Маурисио Сари пристигна во Лондон да стави потпис на договорот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанскиот тренер денес потпиша 3-годишен договор, а негов прв помошник ќе му биде легендата на Челзи, Џанфранко Зола.

Челзи конечно постигна договор со Наполи, па ќе плати 65 милиони евра за Жоржињо и потписот на Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Ако треба да те у*ијам, ќе го направам тоа“: Фудбалер на Реал Мадрид испрати морбидна порака до колега

Во сенка на неодамнешниот бараж за пласирање на Светското првенство, се одвиваат подготовк…