Конечно заврши сагата околу иднината на Давид де Геа, откако шпанскиот голман се согласи да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед.
Англиските медиуми пренесуваат дека се е договорено и Де Геа наскоро ќе стави потпис на нов шестгодишен договор според кој ќе заработи неверојатни 110 милини фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот во новиот шестгодишен договор ќе зема плата од 375.000 фунти и ќе стане убедливо најплатен голман во светот. Сите детали се веќе договорени, а новиот договор официјално ќе биде потпишан по враќањето на „црвените ѓаволи“ од претсезонската турнеа, пред стартот на новата сезона.
Де Геа пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011 година, кога имаше само 20 години и набрзо прерасна во еден од најдобрите светски голмани.
Има досега вкупно 362 официјални натпревари за клубот, а четири пати беше избран за играч на сезоната во тимот на „црвените ѓаволи“.
David De Gea has agreed a new six-year contract at Manchester United worth £110m. He'll become the world's highest-paid goalkeeper. (Source: MEN) pic.twitter.com/odwWKIvWNJ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 21, 2019