Дома Топ вести Готово: Белингам го избра новиот клуб

Готово: Белингам го избра новиот клуб

Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челзи се силно заинтересирани за неговиот потпис, а Борусија за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони евра.

Споменатите клубови нема да жалат пари за неговиот потпис, но англискиот талент веќе го избрал следниот клуб.

„Марка“ пренесува дека Белингам сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, а неговиот менаџер веќе потврдил дека ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ следното лето.

Англичанецот ги одбил англиските клубови и во јуни ќе се пресели во Реал Мадрид, каде се очекува да биде наследник на Лука Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…