Како што пишува шпанскиот „Diario Gol“, во текот на летниот трансфер период би можело да се случи голема трампа помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а вклучува доаѓање на Герет Бејл на „Олд Трафорд“, додека во спротивна насока би требало да пристигне одличниот Де Геа.
Шпанскиот голман беше на чекор до Реал во 2015. година, но до трансфер не дојде, поради доцнење на документацијата. Од другата страна, Бејл од доаѓањето во Мадрид повеќе време поминува кај докторите, отколку на теренот и поради тоа сака да се врати на Островот, но повеќе преферира ново „дружење“ со Мурињо, отколку враќање во Тотенхем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Самиот португалски тренер е заинтересиран за Велшанецот, бидејќи верува дека би можел да се врати во форма на „Олд Трафорд“, а не е тајна дека Де Геа би сакал да се врати во татковината. Останува да видиме дали и како ќе заврши оваа приказна, меѓутоа не треба да се исклучи, бидејќи Јунајтед во размена со Арсенал неодамна го доби Алексис Санчез.