Дома Останати Кошарка НБА Голден Стејт уште посилен, пристигна Казинс

Голден Стејт уште посилен, пристигна Казинс

Актуелниот шампион во НБА лигата стана уште посилен откако го потпишаа еден од најдобрите центри во лигата, ДеМаркус Казинс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Само еден ден после спектакуларниот трансфер на Леброн во ЛА Лејкерс стигна одговор од шампионот кој дополнително го засили тимот со Казинс.

Казинс имаше и далеку подобри финансиски понуди на маса, но се согласи на едногодишен договор со Голден Стејт за 5,3 милиони долари.

Голден Стејт направи вистински дрим-тим, па сега стартната петорка ќе ја сочинуваат Кари, Томпсон, Дурант, Грин и Казинс.

Лејкерси после Леброн добија уште едно засилување – Ражон Рондо. Еден од најдобрите организатори во лигата потпиша едногодишен договор вреден 9 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…