Поранешниот капитен на Атлетико Мадрид, Диего Година минатото лето пристигна во Интер како слободен агент и требаше да биде големо засилување.
Меѓутоа, Годин не се снаоѓа баш најдобро во форнацијата од 3-5-2 која ја користи Конте, па италијанските медиуми пренесуваат дека може да го напушти Интер после само шест месеци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ ќе му дозволат на Уругваецот да си замине и веќе му порачале дека може да си бара нов клуб, бидејќи сакаат да се ослободат од неговата висока плата.
Притоа, Интер веќе најде замена за Годин и сака да го донесе Матео Дармијан,кој може да игра како трет стопер, но и како бек.
Дармијан ова лето се врати во Серија А од Манчестер Јунајтед и игра одлично во Парма, па Конте сака по секоја цена да го види во своите редови.