Хенрих Михтарјан минатото лето пристигна како големо засилување на „Олд Трафорд“ за 42 милиони евра, но до сега не доби вистинска шанса да се покаже кај Жозе Мурињо.
Ерменецот не се најде ниту на клупата за време на дерби натпреварот со Арсенал кој се одигра изминатиов викенд, а зошто Михтарјан не беше ниту меѓу резервите се обиде да објасни Мурињо.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
„Му кажав дека натпреварот против Арсенал едноставно не е за него. Не му се потребни 10 или 20 минути, него му е потребен цел натпревар, или влез на почетокот на вториот дел. Мора да го намали притисокот и физички да се поправи за да ги прикаже своите најдобри перформанси“, истакна Мурињо.
„Му реков дека ќе игра на следниот натпревар. Тој се обидува да се прилагоди, не е воопшто среќен, но ме радува тоа што добро ја канализира фрустрацијата. Не зборува, работи напорно и се обидува да се адаптира“, додаде „Специјалниот“.