Дома Трансфер зона Гнабри го напушта Баерн, Реал ја следи ситуацијата

Гнабри го напушта Баерн, Реал ја следи ситуацијата

Давид Алаба пред една година стигна во Реал Мадрид како слободен фудбалер, а по истиот принцип може да донесе уште една ѕвезда на Баерн Минхен.

Медиумите тврдат дека Баерн нема да се согласи на зголемување на платата на Гнабри, што значи дека германскиот репрезентативец може да го напушти клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гнабри има договор со Баерн до јуни 2023 година, доколку клубот не го продаде ова лето, тогаш наредната година тој како слободен играч ќе замине од Минхен како слободен агент.

Со актуелниот договор тој годишно заработува 8 милиони евра. Побарал неговата плата да биде иста како платите на Кингсли Коман и Лирој Сане, кои заработуваат двојно повеќе.

Ситуацијата внимателно ја следи Реал Мадрид, кој е спремен да го донесе Германецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…