Јувентус вчера беше поразен во дербито против Рома со 1:0 и така направи чекор назад во тешката битка за излез во Европа откако „старата дама“ беше казнета со одземање на 15 бодови.
Немаше среќа клубот од Торино да дојде до гол во Рим, „црно-белите“ трипати ја погодуваа стативата и не успеаа да го најдат патот до мрежата, додека Рома освен голот скоро и да не создаде посериозна прилика за погодок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Необична ситуација видовме во последните моменти кога Масимилијано Алегри со цел да го засили нападот во игра во внесе Моис Кин. Напаѓачот влезе на местото на Квардадо во 89-тата минута, но на теренот не помина повеќе од минута
Кин заработи директен црвен картон откако намерно го шутна стрелецот на голот на Рома, Мансини.
89:05, Moise Kean comes on. 89:36, Moise Kean gets a straight red card.
— ALAN (@Wotyyt) March 5, 2023
pic.twitter.com/oqJsjz8ret