Ливерпул се откажа од Адријан Рабиот.
Според англиските медиуми, премиерлигашот ќе ја напушти трката за талентираниот играч за врска на ПСЖ, што ги остава Јувентус и Милан како главни конкуренти за неговиот потпис.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Росонерите“ најмногу ги поврзува познатството помеѓу Рабио и нивниот спортски директор Леонардо, кој прв му даде шанса во Париз, кога беше тренер на францускиот шампион.
Од другата страна, против себе го имаат Марот и екипата, луѓе кои повеќе пати ги доведуваат посакуваните цели, а особено се истакнуваат со доведувањето на играчи без надомест.
На 23-годишниот играч му истекува договорот со Парижаните на крајот од оваа сезона, неколку пати и ја одби понудата за продолжување на соработката, што дефинитивно значи промена на средината на лето.