Дома Фудбал Англија Гери Невил го критикуваше фудбалерот на Јунајтед, а овој му посака Среќен Божиќ!

Гери Невил го критикуваше фудбалерот на Јунајтед, а овој му посака Среќен Божиќ!

После критиките кои следеа после натпреварот против Лестер, Гери Невил доби и одговор од фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил го критикуваше фудбалерот од средината на теренот на „ѓаволите“ Андер Ерера по натпреварот против Лестер.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Андер Ерера одби да оди на позицијата десен бек кога Фил Џонс се обидуваше да ја реорганизира одбраната, па таму мораше да покрива Микхтаријан“, изјави Гери Невил по натпреварот кој заврши без победник.

Ерера не чекаше многу да му одговори иако не спомена име, јасно е за кого се однесува.

„Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи ги и оние кои се обидуваат да измислат приказни кои не се случиле“, напиша Ерера на својот Твитер профил.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез донел нова одлука: Две легенди заминуваат од Реал Мадрид!?

Реал Мадрид веројатно нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Л…