Пеп Гвардиола е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат италијанските медиуми.




Леао одигра одличн сезона, и беше избран за најдобар играч во Серија А, а неговиот договор со Милан истекува 2024 година.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Милан ова лето одби богати понуди за Португалецот, но јасно е дека нема да може уште долго да го задржи, особено ако Леао до лето не стави потпис на нов договор.




Гвардиола е голем симпатизер на играта на Леао и верува дека во иднина ќе биде еден од најдобрите фудбалери во светот, па сака да направи тандем со Халанд.




„Граѓаните“ на лето нема да жалат пари да го донесат на „Етихад“ и се спремни да понудат 100 милиони евра плус бонуси.