Дома Топ вести Гвардиола ја сака големата ѕвезда на Наполи

Гвардиола ја сака големата ѕвезда на Наполи

Грузискиот интернационалец Квича Кварацхелија игра одлично во дресот на Наполи, па го привлече вниманието на Пеп Гвардиола.

Кварацхелија веќе на првите натпревари во дресот на Наполи го воодушеви фудбалскиот свет и покажа дека може да биде нова голема фудбалска ѕвезда.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Наполи за неговиот потпис плати 10 милиони евра, а Грузицот до сега постигна 14 гола и 15 асистенции на 26 меча во сите натпреварувања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гвардиола нема да жали пари за да го довесе на „Етихад“ и го одредил Кварцхелија како примарна трансфер цел на лето.

Наполи сигурно нема лесно да се откаже од својата ѕвезда, но Сити е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…