Дома Трансфер зона Гвардиола пронајде замена за Сане

Гвардиола пронајде замена за Сане

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за крилниот фудбалер на Баер Леверкузе, Леон Бејли, пренесуваат медиумите на Островот.

Лерој Сане е на излезна врата и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Баерн Минхен, па Гвардиола веќе ја започна потрагата по негов наследник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За младиот Бејли се заинтересирани многу европски гиганти, но „граѓаните“ се спремни да ја победат конкуренцијата.

Гвардиола е симпатизер на играта на репрезентативецот од Јамајка бидејќи е поливалентен и може да игра на неколку позиции во нападот.

Сити е спремен да понуди 40 милиони фунти за 22-годишниот Бејли, сума која би требало да ги задоволи апетитите на Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…