Дома Фудбал Англија Гвардиола: Примивме два гола од два шута!

Гвардиола: Примивме два гола од два шута!

Манчестер Сити полека ја губи трката за шампионската титула, откако попладнево одигра само 2:2 на гостувањето кај Њукасл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После ова реми Ливерпул може да замине на 11 бода предност во однос на „граѓаните“, а Гвардиола после мечот не го криеше разочарувањето.

„Игравме добро, напаѓавме добро, Кевин постигна фантастичен гол, а потоа примивме гол од слободен удар кој не смеевме да го дозволиме“, истакна Гвардиола.

„Имавме неколку шанси, го контролиравме мечот. Њукасл имаше само два шута на голот, а примивме два гола. Знаеме дека сега ситуацијата е тешка, но мораме да го прифатиме тоа. Мораме да учиме од грешката и да работиме уште повеќе“, заклучи каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рабио предизвика хаос во Франција со изјавите по поразот од Англија

Франција синоќа беше поразена во натпреварот за трето место на Светското првенство од Англ…