Дома Фудбал Англија Гвардиола порача: Укинете го тоа натпреварување

Гвардиола порача: Укинете го тоа натпреварување

Манчестер Сити е пред пласман во финалето на Лига Купот, но Пеп Гвардиола не е премногу заинтересиран за натпреварувањето.

„Граѓаните“ само треба рутински да го одработат вториот полуфинален натпревар против Манчестер Јунајтед, затоа што првиот го добија со 3:1 на „Олд Трафорд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, Гвардиола смета дека тоа натпреварување треба да се укине, бидејќи нема никаква логика да се игра ФА Купот и Лига Купот.

„Укинете го тоа натпреварување. Тоа значи дека ќе има помалку натпревари, помалку натпреварувања, помалку екипи, поголем квалитет и помалку квантитет. Луѓето можат да живеат малку без фудбал. Ја започнувате сезоната со еден натпревар со еден меч неделно, а наеднаш доаѓа темпото на два или три натпревари за седум дена и трае премногу. Играчите не можат да издржат толку многу. Најдобро би било да не се игра Лига купот повеќе“, истакна Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неизвесна иднината на Николас Џексон

Агентот на Сенегалецот и напаѓачот на Челзи, Николас Џексон, Али Барат, одговори на прашањ…