Дома Фудбал Англија Гвардиола најави заминување од Сити

Гвардиола најави заминување од Сити

Манчестер Сити не ја започна сезоната најдобро во одбрана на титулата во ПЛ. После поразот од Волвс, Граѓаните се осум бода зад водечкиот Ливерпул, со кој претходната сезона водеа мртва трка за титулата.

Тренерот Пеп Гвардиола сака да го одработи својот договор со Сити до крајот, но во исто време е спремен да замине доколку работите не одат по планот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Така барем пренесоа шпанските новинари Лу Мартина и Пол Балус, кои со Гвардиола направиле неколку ексклузивни разговори и истите ги ставиле во својата нова книга – „Сити на Пеп: Создавање супер-тим“.

Гвардиола во тие разговори инсистирал на тоа дека првиот човек на клубот Ал Мубарак знае дека тој ќе го напушти клубот доколку работите не одат по планот.

„Тој знае дека ќе се повлечам ако работите не одат по планот. Ќе дадам се од себе тоа да го избегнам и ќе направам се работите да тргнат кон добро. Нема да бидам тука само заради редот.“ – изјавил шпанскиот стратег.

Иако Сити не влезе најдобро во новата сезона, Гвардиола после поразот од Волвс беше прилично мирен и уверен во можноста на својот тим.

„Ги знам овие момци. Тие и натаму се неверојатно посветени да го стигнат лидерот. Тоа што се случи, се случи. Денеска не бевме на своето ниво. Претходните натпревари добро игравме, но разликата е голема. Јас тоа го знам. Ливерпул не пропушта бодови. Но, сепак е октомври, има уште многу натпревари до крајот.“ – изјави Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…