Дома Топ вести Гвардиола и Клоп ја сакаат ѕвездата на Милан

Гвардиола и Клоп ја сакаат ѕвездата на Милан

Милан ова лето го откупи договорот на Факијо Томори од Челзи за 28 милиони евра.

Томори во јануари простигна на позајмица од Челзи и веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.

Милан имаше опција да го откупи за 28 милиони евра и „росонерите“ без размислување го откупија дефанзивецот.

Томори се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и доби повик од англиската репрезентација.

Интерес за Томори покажуваат Ливерпул и Манчестер Сити и се спремни да понудат 60 милиони евра за неговиот потпис.

Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да слушне за продажба и ќе ги одбие сите понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…