Дома Фудбал Англија Гвардиола за Суперлигата: Тоа не е спорт, објаснете ми зошто нема еден Ајакс?

Гвардиола за Суперлигата: Тоа не е спорт, објаснете ми зошто нема еден Ајакс?

Oд неделата во фудбалската јавност главна тема е Суперлигата.

Најбогатите клубови во Европа се решија да формираат ново натпреварување за да заработата повеќе пари отколку што сега добиваат од натпреварувањата на УЕФА. Суперлигата ќе има 15 фиксни учесници, а пет клуба ќе обезбедуваат место преку националните првенства.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овој момент документот за основање и учество во Суперлигата го потпишаа: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Челзи и Ливерпул.

Навивачите во Англија се разочарани, а на денешната прес-конференција и стратегот на Сити, Пеп Гвардиола призна дека Суперлигата не му се допаѓа.

„Знам некои информации не се. Не знам зошто се избрани овие тимови. Спортот не е спорт, ако нешто ви е загарантирано. Не е спорт ако на вас не ви е важно дали ќе победите или ќе изгубите. Кажуваат дека пет клуба ќе се менуваат и ќе можат да учествуваат во зависност од тоа дали имале добра сезона. Но, што е со оние клубови кои ќе имаат една, па друга лоша сезона, а цело време ќе бидат таму. Тоа дефинитивно не е спорт. Еве објаснете ми зошто Ајакс не е вклучен со сите успеси кои овој клуб ги има низ историјата?“, запраша на крајот на Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Халанд стана и лик од видеоигра!

Ѕвездата на Манчестер Сити доби лик со кој може да се игра во видеоиграта „Clash of Clans“…