Англиските медиуми тврдат дека Пеп Гвардиола е подготвен да направи изненадувачки трансфер во летниот преоден рок.
Имено, Гвардиола ќе тргне по услугите на искусниот фудбалер на Јувентус, Леонардо Бонучи, кој еднаш веќе го напушти клубот за да се пресели во Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола има големи проблеми во одбраната, а еден од играчите кои требаше да претставува носечка сила, Џон Стоунс постојано се мачи со повреди, и оваа сезона одигра само 10 натпревари во Премиер лигата.
Пеп сака да ја засили одбраната со искусен стопер со оглед на фактот што Компани веќе замина, а на лето ќе замине и Отаменди.
Гвардиола не крие дека Бонучи е неговиот омилен дефанзивец и смета дека може да биде вистински лидер на одбранат на „граѓаните“.