Дома Фудбал Англија Гвардиола во Премиер лигата сруши рекорд на Мурињо

Гвардиола во Премиер лигата сруши рекорд на Мурињо

После победата против Брајтон стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сруши уште еден рекорд.

Победата против Брајтон беше 250 во кариерата на Гвардиола во англискиот шампионат и за оваа бројка на победи потребни му беа 344 натпревари. Со ова Пеп стана тренерот на кој му беа потребни најмалку натпревари за да стигне до 250 победи во Англија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред Гвардиола рекордот го држеше Жозе Мурињо на кого за оваа бројка му беа потребни 396 натпревари.

До крајот на сезоната Гвардиола со Манчестер Сити го очекува неизвесна битка за титулата во првенсвото. „Граѓаните“ во англискиот шампионат имаат уште шест натпревари во кои ќе играат против: Вoтфорд, Лидс, Њукасл, Вест Хем, Волвс и Астон Вила.

Нивниот главен конкурент, тимкот на Ливерпул ќе игра против: Евертон, Њукасл, Тотенхем, Астон Вила, Саутемптон и Волвс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…