Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи не се откажува од намерата да го доведе дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиол.
Хрватскиот репрезентативец на Мундијалот се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во клубот веруваат дека Гвардиол ќе биде наследник на Тиаго Силва,а Лајпциг во летниот преоден рок одби понуда од 80 милиони фунти за него.
„Сините“ планираат да го договорат Гвардиол за ова лето затоа што од 2024 година откупната клаузула ќе му биде 107 милиони евра.
Според англиските медиуми, Челзи спремаат понуда од 90 милиони евра за Хрватот, па така ќе го соборат рекордот на Хари Мегваер за најскап дефанзивец на Островот.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!