Дома Останати Ракомет Гаџа: Сите посакуваме добар резултат во последниот натпревар во ЛШ оваа година

Гаџа: Сите посакуваме добар резултат во последниот натпревар во ЛШ оваа година

Tимот на Вардар 1961 е пред ппоследниот предизвик за оваа година во Лигата на шампионите.

После добриот старт во елитното европско натпреварување Вардар е во сериозна криза од шест порази во низа, па сите во тимот посакуваат излез од таа криза в среда на гости кај ППД Загреб.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Анте Гаџа кој не можеше да му помогне на тимот против Кил се враќа во составот.

„За Вардар ова е последниот натпревар во Лигата на шампионите оваа година и затоа сите посакуваме добар резултат и со добро расположение да се вратиме во Скопје. ППД Загреб ја подигна формата и треба да бидеме многу сконцентрирани на овој натпревар. Знаеме дека играат цврста одбрана и можат секому да направат проблем“, изјави Гаџа.

Натпреварот помеѓу Загреб и Вардар се игра в среда во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Успешна акција на шампионот: Пелистер ги донираше плишаните играчки (Фото)

За време на полувремето од големото дерби меѓу Пелистер и Вардар, битолската публика уште …