Дома Трансфер зона Галтие: Му кажав на Икарди дека може да си бара нов клуб

Галтие: Му кажав на Икарди дека може да си бара нов клуб

Мауро Икарди е отпишан од новиот тренер на ПСЖ.

И претходно низ француските медиуми можеа да се прочитаат вакви најави, а сега пристигна потврда од Галтие. Стратегот на клубот од Париз отворено му кажал на Икарди да си бара нов клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Разговарав со Мауро и му кажав дека не сметам на него, сакам да го намалам ростерот и тој е слободен да бара нов клуб. Понатаму на клубот е да го најде најдоброто решение во договор со Икарди. Малку играше во изминатите три сезони, треба да се разбуди, а тоа го може само во клуб каде што ќе игра повеќе и ќе ги покаже своите квалитети“, изјави Галтие.

Инаку овие денови во јавноста Икарди е актуелен и поради наводниот развод од Ванда Нара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот: Среќни сме што загубивме само со 2:0

Бранителот на титулата европски шампиони, ПСЖ, во четвртфиналето го совлада Ливерпул со 2:…