Дома Трансфер зона Габриел Жесус му се нуди на Реал, Анчелоти кажа ДА

Габриел Жесус му се нуди на Реал, Анчелоти кажа ДА

Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус ова лето сигурно ќе го напушти „Етихад“, а кариерата може да ја продолжи во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После доаѓањето на Халанд во Манчестер Сити јасно е дека за Габриел Жесус повеќе нема место во тимот, а Бразилецот притоа влегува во последната година од договорот.

Неколку клубови се заинтересирани за напаѓачот, а „Марка“ открива дека агентот го понудил Жесус на Реал Мадрид.

„Кралевите“ се во потрага по млад напаѓач кој следната сезона ќе биде алтернатива за Бензема, а потоа ќе може да го наследи Французинот.

Анчелоти смета дека Габриел Жесус одлично би се вклопил во неговиот стил на игра, но раководството на Реал разгледува и други опции.

Сепак, Реал не ја затворил вратата за Жесус и во наредните недели ќе донесе одлука дали да испрати понуда до Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…