Дома Трансфер зона Вчера си постигна автогол, денеска е продаден за 30 милиони евра

Вчера си постигна автогол, денеска е продаден за 30 милиони евра

Досегашниот играч на Реал Сосиедад, Робин ле Норман, ќе стане нов играч на Атлетико Мадрид.

Одличниот стопер кој израсна во Брест, а потоа играше за баскискиот клуб од 2016 година, на Реал Сосиедад ќе му донесе голема заработка во износ од 30 милиони евра,

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Личните услови се договорени, тоа ќе биде повеќегодишен договор за дваесет и седумгодишното момче кое токму вчера против Грузија си постигна автогол за предност на ривалот. Како што е познато, Шпанија подоцна направи пресврт и со победа од 4:1 се пласираше во продолжението на натпреварувањето, па така тој негов автогол не влијаеше на конечниот исход.

Неговото пристигнување во Атлетико секако ќе биде големо засилување за тимот на Диего Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Ако треба да те у*ијам, ќе го направам тоа“: Фудбалер на Реал Мадрид испрати морбидна порака до колега

Во сенка на неодамнешниот бараж за пласирање на Светското првенство, се одвиваат подготовк…