Генералниот директор на Манчестер Јунајтед Ед Вудвард призна дека летото 2018 година на тогашниот тренер Жозе Мурињо му стопирал еден или два трансфери.
Португалскиот тренер сакал да доведе двајца дефанзивци во тој момент, но на крајот вмешал се Вудвард и ги стопирал трансферите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат англиските медиуми Мурињо од тој момент бил целосно друг човек.
„Вистина дека имаше разлика во мислењата кога е менаџерот во прашање. Проблем беа еден или двајца фудбалери. Понекогаш јас знаев да кажам „не“ што не е лесно поради нашата тенденција да ги поддржуваме менаџерите. Сепак, моравме да слушаме и луѓе кои се експерти во доведувањето на играчи“.
Вудвард не откри за кои играчи кажал „не“, но медиумите претпоставуваат дека станува збор за Хару Мегваер кој ова лето пристигна во Јунајтед.