Вчера во натпреварот помеѓу Аталанта и Манчестер Сити беше видена една интересна ситуација кога Кајл Вокер застана на голот на Сити.
Клаудио Браво на полувремето го замени повредениот Едерсон, но потоа Чилеанецот доби црвен картон, па Пеп Гвардиола беше приморан на гол да стави некој играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се одлучи тоа да биде десниот бек Кајл Вокер кој влезе од клупата и облече голмански дрес и ракавици.
Вокер веднаш по влегувањето забележа и една интервенција. Топката одеше директно во него, а Вокер од вториот обид успеа да ја скроти.
Kyle Walker is loving it in goal? #ATAMCI pic.twitter.com/StgkxPzhYU
— Danny Culley (@DannyCulley7) November 6, 2019