Дома Трансфер зона Во Јувентус веќе го „пикирале“ наследникот на Дибала

Во Јувентус веќе го „пикирале“ наследникот на Дибала

Италијанските медиуми четврток го најавуваат како ден „Д“ за Дибала. Неговиот агент Хорхе Антун е во Торино и се чека да се види дали ќе постигне договор за продолжување на соработката.

Според последните информации Јувентус на Аргентинецот ќе му понуди околу седум милиони евра кои би стигнале до десет со одредени бонуси. Таквата понуда е помалку од она што го очекува Дибала. Во Јувентус се спремни парите да ги врзат со одиграните натпревари на Дибала. Причина за тоа се повредите кои ги има Аргентинецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овие моменти Дибала повторно се рехабилитира од повреда и нема да биде во составот против Сампдорија, Алегри сака да биде спремен за Виљареал. Меѓутоа во Италија пренесуваат и дека Интер го контактирал Дибала и понудата од Марота била 7.5 милиони евра за договор на четири години (Јувентус му нуди три).

Ањели и Недвед веќе размислуваат и на опција ако Дибала замине, главна мета за негова замена ако замине се очекува да биде репрезентативецот Распадори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …