Францускиот „Л’Eкип“ тврди Серхио Рамос работи и му помага на Реал Мадрид во трансферот на Килијан Мбапе.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рамос и Мбапе беа заедно во Пари Сен Жермен и добро се познаваат, а од следната сезона ако не се случи некој трансфер Мбапе ќе го облече дресот на „кралевите“ каде што Рамос ги помина најдобрите денови од кариерата.
Медиумите во Франција пренесуваат дека Рамос му помагал на Мбапе да пронајде куќа во Мадрид.
Цели 16 години шпанскиот дефанзивец помина во Мадрид и во овој клуб се чувствува како дома, а очигледно се уште е спремен да помогне.