Герет Бејл повторно е на удар на навивачите на Реал Мадрид и тоа поради добро позната причина.
Велшанецот нема да биде во тимот против Шахтјор, поради наводно повреда, но регуларно ќе отпатува на репрезентативниот собор и ќе игра за Велс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На прес-конференцијата тренерот на Реал, Карло Анчелоти се обиде да ја објасни ваквата ситуација.
„Посветен е на работата и ако целосно закрепне, одлично е што игра за Велс. Важно е да добие минутажа за да го имаме на располагање по репрезентативната пауза“, изјави Анчелоти.
Во Реал Мадрид се бесни бидејќи постојано се случуваат исти работи. Бејл не одигра ниту еден меч во октормври, но ќе игра за репрезентацијата. На клубот му е јасно дека тој чека да му истече договорот според кој Велшанецот заработува 17 милиони евра годишно.