Дома Фудбал Англија Во време кога фудбалот е стопиран, Клоп се огласи со порака на социјалните мрежи

Во време кога фудбалот е стопиран, Клоп се огласи со порака на социјалните мрежи

Коронавирусот го парализираше фудбалот во најсилните првенства и засега не може да се каже кога сезоната ќе продолжи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На Островот поради актуелната ситуација се доведе во прашање титулата на Ливерпул на која „црвените“ чекаат 30 години. Ливерпул има 25 бода предност и потребни му се само уште две победи за и математички да ја обезбеди титулата.

Во времето кога фудбалот е парализиран Клоп се огласи со порака на социјалните мрежи.

„Порака од тимот до нашите навивачи за нивната благосостојба. Ставете го вашето здравје на прво месо, не преземајте ризици. Помислете на ранливоста на нашето општество. Внимавајте на себеси и чувајте се еден со друг. Никогаш нема да бидете сами“, гласи пораката на Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Огромен скандал го тресе Бразил пред Светското првенство: Дали докторите лажеле за повредата на Нејмар?

Огромен скандал ја потресува репрезентацијата на Бразил пред почетокот на Светското првенс…