Дома Фудбал Во Барселона револтирани: Судијата го прекрши правилото додека го гледаше ВАР

Во Барселона револтирани: Судијата го прекрши правилото додека го гледаше ВАР

Фудбалерите на Барселона синоќа на свој терен го победија Еспањол со 1:0 во натпревар од 35. коло во шпанската Ла Лига.

Барселона со оваа победа го задржа чекорот зад Реал Мадрид, додека Еспањол после 27 години испадна во понизок ранг. Но, ни овој натпревар не помина без скандал, барем така тврдат во таборот на каталонскиот клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, на самиот почеток на второто полувреме Барселона остана без играч помалку откако директен црвен картон заработи Ансу Фати. Тој во игра влезе во 46. минута и на теренот помина само четири минути.

Фати го фаулираше Калера и судијата Монтеро му покажа жолт картон, но потоа доби инструкции да ја погледне ВАР снимката. После тоа судијата го промени мислењето и Фати заработи директен црвен картон.

Сепак, во Барселона се разочарани поради однесувањето на Монтеро. Имено, тие објавија како главниот судија ја погледнал само фотографијата на ВАР екранот и веднаш се упатил кон Фати да му даде црвен картон.

Од Барса порачаа дека судијата го прекршил правилото кое гласи дека тој кога го употребува ВАР мора да ја погледне снимката од целата ситуација, а не само фотографија и на нејзина основа да донесе одлука.

Во Барселона тврдат дека поради тоа судијата не видел дека Фати прв стигнал до топката, а потоа го фаулирал противничкиот играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…