Германскиот весник „Кикер“ тврди дека Баерн Минхен договорил уште едно засилување за следната сезона, а станува збор за еден од најголемите гермнаски таленти Серж Гнабри.
Овој 21-годишен крилен напаѓач минатото лето се врати во Германија откако не доби вистинска шанса во Арсенал, а минатата година и во ВБА како позајмен фудбалер имаше мала минутажа.
Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓
Гнабри оваа сезона блеска во дресот на Вердер Бремен и во досегашниот тек од сезоната постигна 10 гола на 21 настап во Бундеслигата.
Тоа му беше и билет за најголемиот германски клуб. Челниците на Баерн Минхен сметаат дека има квалитет да го носи нивниот дрес, а со оглед на фактот што Рибери и Робен се на залез на кариерата, Гнабри би можел да биде нивна замена.
Гнабри неодамна и дебитираше за сениорската репрезентација на Германија и забележа хет-трик против Сан Марино во квалификациите за СП 2018.