ФА Купот е натпреварувањето со најдолга традиција во Англија.
Ова натпреварување се игра веќе 153 години, од 19 век и назад во 1871 година, а сега е укинато едно од правилата кое не им се допаѓаше веројатно на сите клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Фудбалската асоцијација на Англија и Премиер лигата се договориле да нема повторени натпревари како што досега беше случај ако екипите ремизираат.
Ова правило требаше да остане на сила барем во првите три кола, додека во натпреварувањето не влезат членовите на Премиер лигата и првенството, но беше одлучено да важи од самиот старт.
На овој начин ќе се намали бројот на на натпревари што е на задоволство на екипите поради густиот распоред.