Многу бура во шпанската јавност се крена со ситуацијата околу платите на играчите на Барселона.
Имено, во Барселона биле свесни дека ситуацијата е таква што тие мораат да помогнат на клубот. Платите на играчите на Барселона се намалени за 70%.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Се пишуваше дека преговорите не оделе како што треба и дека фудбалерите не прифаќале толкаво намалување. Меѓутоа сега претседателот Бартомеу тврди дека Меси од самиот почеток се залагал за постигнување на договор.
„Меси од првиот ден кажа дека тоа мора да се случи. Тој предлог дојде од капитенот и неговиот заменик. Тоа е гест со кој докажаа дека го сакаат клубот“, изјави Бартомеу и на тој начин демантираше се што се пишуваше претходно.
На крајот тој додаде дека сите вработени во клубот не знаеле за тој договор и според него тоа било причината што се појавиле разни информации.