Дома Трансфер зона Вилијан во јануари се сели во Серија А

Вилијан во јануари се сели во Серија А

Бразилскиот репрезентативец Вилијан влезе во последната година од договорот со Челзи, но може да го напушти „Стенфорд Бриџ“ уште во зимскиот преоден рок.

Јасно е дека Вилијан нема да стави потпис на нов договор бидејќи Челзи не сака да му понуди договор подолг од една година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот долго се поврзуваше со трансфер во Барселона, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи Јувентус. Тренерот Сари добро го познава и сака повторно да го има во својот тим.

Јувентус е спремен да испрати понуда за Вилијан во зимскиот преоден рок, а големи се шансите Челзи да ја прифати бидејќи на лето ќе го загуби играчот без обештетување.

Триесет и едногодишниот Вилијан оваа сезона настапи на 15 натпревари за Челси и постигна три гола со три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…