Дома Трансфер зона Виери: Ми кажаа дека Халанд ќе се пресели во Реал Мадрид

Виери: Ми кажаа дека Халанд ќе се пресели во Реал Мадрид

Многумина сметаат дека Ерлинг Халанд ја започна последната сезона во Борусија Дортмунд.

Наредното лето неговата откупна клазула ќе изнесува 75 милиони евра и тоа не е преголема сума за заинтересираните европски гиганти, скоро и да нема голем клуб кој не се поврзуваше со неговото име.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двајцата легендарни напаѓачи, Антонио Касано и Кристијан Виери беа во телевизиско шоу каде што една од темите беше токму и Халанд.

„Ми кажаа дека Баерн сака да го донесе Халанд, ако Левандовски премине во Реал Мадрид. Според мене тоа е не е нереално“, изјави Касано.

На тоа следуваше реплика од Виери.

„Според моите информации Халанд со 100% сигурност ќе се пресели во Реал. Така бев информиран, не знам дали е точно“, одговори Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…